А зошто не би можеле?

„А зошто не би можеле?“ е едукативен филмски проект направен од членовите на здружението на Yes Alumni, со помош на американските совети и феминистичката продукција КРИВА, во кое се прибираат приказни за жени кои се борат против предрасуди и прават работи кои традиционално се гледани како „машки.“ Целта на овие кратки филмови, исто така е борење против секојдневните стереотипи во босанско-херцеговското општество, кои често ги спречуваат младите жени да го прават она што навистина го сакаат, стравувајќи дека ќе бидат судени или неуспешни. Жените прикажани во филмовите се жив доказ дека и покрај сè, можеме да го направиме она што навистина го сакаме. Тие со гордост велат „А зошто не би можеле?“ и отстапуваат од родовите улоги.

Агенда:

19:30-20:00 // Прием на гости
20:00-20:10 // Вовед: Санда Хањалич и Стефан Петровски
20:10-20:50 // Проекција на 6-те кратки филмови
20:50-22:00 // Панел дискусија со локални феминистки и успешни жени
22:00-23:00 // Забава и музика со Јана Тодоровска

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк