Таксират части: Inner Circle • плато МКЦ

Легендарните „лоши момчиња на регето“ INNER CIRCLE ќе настапат на роденденската #ТАКСИРАТ20 прослава која ја организираме во соработка со МКЦ Скопје, Пакомак и Sound Of Green!

На 29-ти јуни, на плато пред МКЦ.
ВЛЕЗ: едно празно шише (пластично или стаклено).

Греми лауреатите INNER CIRCLE гостуваат за прв пат во Скопје, во рамките на нивната светска турнеја за прослава на 50 години постоење, а ова е извонредна прилика да се види во живо култната реге-поп атракција и непосредно да се вкусат нивните хитови: “Sweat”, “Rock with You”, “Games People Play”, “Bad Boys”, “Young, Wild & Free”, “Tenement Yard” (неодамна семплувана од Jay-Z) итн. Ден подоцна INNER CIRCLE имаат и втор настап во Македонија, во Крушево.

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк