Два уметничка света: Дуке Бојаџиев vs. Марина Абрамович

Тимот на СмартАп ве поканува да се дружиме и продискутираме за уметноста и делата на уметницата Марина Абрамович низ визурата на Дуке Бојаџиев.

Во неформална атмосфера, визуелно и филмски проследувајќи дел од работата на Марина Абрамович заедно ќе разговараме за суштината позади нејзината уметност, емоциите и потрагата по одговор на прашањето “Која е границата до која можам да одам?”. Во сето ова свое видување и осврт на сопствената работа и важноста на уметноста ќе даде и нашиот почесен гостин, г-динот Дуке Бојаџиев.

Дискусијата е отворена за сите и нема потреба за претходно пријавување. За повеќе информации контактирајте нѐ на ngosmartup@gmail.com

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк