Светски пикник vol.3

Не пропуштајте ја можноста на 24 јуни, да дојдете на “Светскиот пикник”, каде ќе можете да вкусите јадења од најразлични кујни од светот и да уживате во забавата организирана од Советот на странски инвеститори во Македонија.

На “Светскиот пикник” присутни ќе бидат странските инвеститори, кои ќе ја промовираат културата на својата земја преку традиционална храна, карактеристична токму за нив.

САД | Бургер и пита од јаболка
Австрија | Виенска шницла и Сахер торта
Велика Британија | Фиш енд чипс и lemon drizzle cake
Грција | Гиро и гурабии
Турција | Донер Кебаб и баклава
Италија | Пица
Швајцарија | Broennti Creme
Словенија | Крањски колбас
Франција | Бегет сендвичи
Белгија | Чоколаден мус
Геманија | Кари вурст и германски cheesecake
Холандија | Bitterballen и Stroopwafel

Покрај можноста да се запознаете со различните вкусови, ќе можете и да се забавувате со музиката на Eye Cue, а најмалите ќе уживаат во големиот број игри подготвени токму за нив.

На манифестацијата можете да купите ваучер по симболична цена, со кој добивате можност да пробате разни јадења со пијалак, а собраните средства ќе се донираат во народните кујни.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк