ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ГОЛА МЕСЕЧИНА 2018

Меѓународното жири на 5. Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2018, што се одржа од 18 до 24 јуни, во состав Иван Лео Лемо (претседател на жирито), Магдалена Ризова Черних (член) и Љупчо Петрушевски (член), по проследувањето на шесте претстави (три од Македонија и три од регионот) едногласно ја донесе следнава одлука:

  1. Наградата Гран при за најдобра претстава се доделува на „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“, Босна и Херцеговина.

 

  1. Наградата за најдобра режија му се доделува на Алеш Курт за претставата „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“, Босна и Херцеговина.

 

  1. Наградата за најдобра машка улога му се доделува на Фаик Mефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на „Театар Џинот “ од Велес, Р. Македонија.

 

  1. Наградата за најдобра женска улога ѝ се доделува на Сања Крстовиќ за ликот на Живка (Г-ѓа. Министерка) во претставата „Госпоѓа Министерка“ на Народниот театар од Ниш, Р.Србија.

 

  1. Награда за најдобра епизодна улога се доделува на  Анета Томашевиќ за улогата Госпоѓа Потер во претставата „Kидај из моје кухиње” на Шабачкиот Театар.

 

  1. Награда за костимографија се доделува на Елена Дончева за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“  на  Н.Т. „Антон Панов“ – Струмица.

 

  1. Награда за млад актер им се доделува на актерите Ефтим Трајчев Ѓаурски од Н.Т. Штип, за улогата во претставата „Умри машки“ и на Давор Сабо од „Сараевскиот воен театар – САРТР“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакалимистобо“.

 

Вечерва фестивалот ќе се затвори со претставата „Тоби“ во продукција на Театар за деца и младинци – Скопје, по што следува официјалното доделување на наградите, а веднаш потоа ќе го проследите настапот на стендап комичарот Марјан Ѓорѓиевски.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк