Kiko Navarro во Епицентар

Kiko Navarro е DJ и еден од водечките шпански продуценти на house музика, добро познат и на скопската публика. Преку 20 години кариера го направија еден од најпрепознатливите ликови на електронската сцена во Европа. Со години, Navarro е резидент DJ во Pacha Mallorca и редовен гостин во Pacha Ibiza (официјален резидент DJ во 2008 година) и Space Ibiza (резидент во 2012). Листата на клубови во кои настапувал е огромна, а меѓу нив и The Egg (London), Fabric (Moscow), Cocoon (Frankfurt), Duel Beat (Naples), Prive (Estonia), Bolivar Beach Club (Athens)… За неговата популарност, доволно говори податокот дека e официјален DJ на Moto GP тимот на Ducati od 2008 година.

Како DJ, Navarro е секогаш ориентиран кон потребите на клаберите кои моментално се наоѓаат на подиумот и точно знае како да ја „подмачка“ атмосферата за време на неговите сетови. Од друга страна, како продуцент се задржува на основите на вистинската house музика. Продуцира уште од 1997 година, а во 2000 ја формира Flamingo Discos – неговата издавачка куќа. Неговите траки како „Siempre“ и „Soñando Contigo“ станаа светски познати хитови, а првата доживеа ремикс од Jumpster и редовно е дел од сетовите на артисти како Jeff Mills, Derrick May и Vince Watson.

Освен продукција на свои траки и колаборации, Navarro се истакнува и со огромен број ремикси на популарни артисти од целиот свет кои безрезервно ја поддржуваат неговата работа.

влез: 300МКД   Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк