Книжевен разговор со Драго Гламузина

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ ве поканува на книжевниот разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина. Разговорот ќе се одржи на 29 јуни во Кино Култура, со почеток во 20 часот. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Драго Гламузина во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа Готен, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.

Гламузина е роден во 1967 година во Вргорац. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Работел како новинар, а моментално е главен уредник во издавачката куќа „Ве-бе-зе“ од Загреб. Пишува поезија и проза. На македонски јазик му се преведени 4 книги: збирките поезија „Месари“, „Тоа ли е сè“, „Еверест“, како и романот „Три“. За збирката „Месари“ ја има добиено наградата „Владимир Назор“ и „Квирин“, а за романот „Три“ ја има добиено наградата на „Т-портал“ за најдобар хрватски роман во 2008 година.

По разговорот, гостите ќе имаат можност да ги купат книгите од авторот преведени на македонски јазик.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги Традуки.

Автор на фотографијата на поканата: Анто Магзан.

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк