Fu-Ching-Gido \ Светлост \ Avadarxi Ensemble (во Винил)

King Gong ви ги претставува FU-CHING-GIDO (Токио, Јапонија), Светлост (Скопје, Македонија) и Avadarxi Ensemble (Кавадарци – Скопје – Шангај).

***
FU-CHING-GIDO

Дуо базирано во Токио, составено од Британецот Гидеон Џукс (туба, електроника, синтесајзери) и Јапонката Фу-Чинг (тапани, мелодика). Свират комбинација која ја нарекуваат „Heavy Gypsy Rock Drums and Tuba“. Други би рекле garage-noise-jazz. Во принцип тешко е да се опише, мора да се чуе (линкови подолу). Имаат два албуми – FU-CHING-GIDO (2015) и Earthlings (2017). Доаѓаат во склоп на нивната европска турнеја, која покрај Македонија ги опфаќа само Германија, Данска и Фарски Острови.

https://www.fu-ching-gido.com/
https://fu-ching-gido.bandcamp.com/music

***
AVADARXI ENSEMBLE

Група составена од Јордан Костов и членови на Fighting Windmills, Sethstat, Светлост, Палиндром, The Local Blue. Дебитантскиот албум го издадоа во Април 2018.

https://kinggong.bandcamp.com/

***
СВЕТЛОСТ

СВЕТЛОСТ e музички колектив основан во 2014 година.
Се работи за флексибилен ансамбл, кој функционира како платформа за соработка на повеќе музичари од различни профили. Музиката на оваа група се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Во моментот работат на две долгосвиречки изданија. На овој концерт ќе настапат во формација:

Нинослав Спировски [кларинет / тенор саксофон] Бисера Базер [тромбон] Филип Букршлиев [ел.гитара] Кристијан Новковски [удиралки] Дени Омерагиќ [контрабас]

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк