NLB Gallery: Изложба на Владимир Темков

„Потрага по смислата на ликовност во соочување со убавината на природата“ е насловена изложбата на Владимир Темков, која како дел од култната манифестација Скопско лето 2018, ќе биде отворена на 20 јуни во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје – Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје).

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци, а во својата уметничка кариера од 35 години, Темков има голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство.

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк