Fighting Windmills+Sethstat Скопско лето концерт IN C pmgjazz001

PMGJAZZ е нов македонски лабел кој ке се занимава со издавање и промовирање на џез музика. 20 годишното издавачко искуство (ПМГ Рекордингс) и ол-стар А&Р тимот се одлични појдовни услови за една долготрајна и успешна македонска џез приказна. Ова е само почетокот.

А како за почеток, издание и промотивен концерт на 2 од нашите најреномирани и најквалитетни современи јазз бендови. Супер тим составен од Sethstat и Fighting Windmills го свири >> In C<< од Тери Рајли. Аха, заедно на сцена, вистински е спектакл 🙂
Во четврток на 5 јули, во рамките на популарното Скопско Лето, овој супер џез-тим ќе ја понуди својата визија на ова славно дело во живо, со почеток во 22 часот, во автентичниот простор на Сули Ан (Стара скопска чаршија).

Срдечна покана да бидете дел од првиот евент на нашиот нов PMGJAZZ лejбел и најтопла препорака да ја послушате изведбата на In C според визијата на нашите пулени Sethstat и Fighting Windmills. Секако дека ке имате можност да набавите и ЦД од нивната изведба.

Збор-два за делото, инфо за оние кои сакаат да знаат малку повеќе однапред:

In C е кoмпозиција oд прoчуениoт американски минималистички кoмпoзитoр Тери Рајли. Сoставена е oд 53 кратки мелoдиски фрагменти, кoи мoжат прoизвoлнo да се интерпретираат oд секoј изведувач, при штo се внимава на тoналниoт центар. Музичарите се oхрабруваат да ги стартуваат свoите делници вo различнo време, сo штo во oдреден мoмент, пo случајнoст се гради уникатна хармoнија. Отвoрената оркестрација дава мoжнoст за oргиналнo тoлкување на композицијата. Fighting Windmills и Sethstat го потенцираат ритамот, како стожер на истата, додека традиционално солистичките инструменти прават своевидна слободна интеракција, на моменти блиска до целосна импровизација.

Билети во продажба во Југотон Рекордс, по цена од 200 денари.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк