Импров Група Настап

Импров Група “Настап” во Јавна Соба

Драги љубители на добрата забава, со големо задоволство Ве покануваме на следниот Настап на отворено. Влезот е бесплатен, со донации во шапка. Местата се ограничени.

Игрите ги играат:
Дамјан Цветановски
Мартин Манев
Тони Денковски
Григор Јовановски
Сергеј Димовски

Водител:
Андреј Цветановски

Место:
Public Room

Време:
понеделник, 16 јули
21:00ч.
Доколку дојдете порано за да си фатитe место, сетете се, коктелите се 100 ден.

ШТО Е ТЕАТАРСКА ИМПРОВИЗАЦИЈА?

Импровизацијата е создавање или играње нешто спонтано или создавање од нешто што е достапно во околината. Импровизацијата, во изведувачките уметности е настан кој се случува без посебна подготвеност на некакво сценарио. Способноста за импровизација може да се употреби во разни дисциплини, низ сите уметнички, научни, физички, формално или неформално образовни дисциплини.

Театарската импровизација е корисна вежба за развивање на актерската креативност, довербата во партнерот и можноста за развивање на конкретни секојдневни и несекојдневни драмски ситуации.

Импровизацијата не само што е корисна за актерите, таа често се применува и во психотерапијата, како вежба со која им се помага на луѓето кои се постојано под притисок при работа.
Овозможува да се самоспознаеме и да се сетиме колку всушност е убаво кога се препуштаме на моменталната креативност во секојдневните човечки ситуации.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк