Гласови & Зборови

Повеќегодишниот изложбен проект на Ката Мијатовиќ и Зоран Павелиќ, Гласови & Зборови, се базира на структурирање изложби од проектите на мултимедијалните дела на двајцата уметници во кои е важен содржинскиот елемент на употребата на текстот, звукот и гласот. Иако повеќето дела што се користат во изложбениот концепт се изведени во медиуми што вклучуваат и визуелна компонента (објекти, инсталации, фотографии, видео или перформанс), основниот пренос на идејата во одбраните дела на двајцата уметници се одвива со посредство на текстот/звукот/гласот.

Овие елементи во делата функционираат како директни медијатори на значењето и (или) како уметнички изјави, кои доаѓаат од различни уметнички позиции и во меѓусебна интеракција и сооднос креираат нови исчитувања. Индивидуалните уметнички интереси и индивидуалните патишта на медиумското истражување на Ката Мијатовиќ и Зоран Павелиќ, во овој заеднички проект се сретнуваат низ синергија на избраните дела со различна тематика, различен уметнички пристап и со една заедничка карактеристика – нагласена употреба на гласот/звукот/текстот како основен белег.

Изложбениот проект Гласови & Зборови е започнат во 2013, а досега е реализиран на следните локации: I.A.M. Institute, Берлин, 2013; Галерија Флора, Дубровник, 2013; Галерија Ружиќ, Славонски брод, 2014; Art Quartier, Будимпешта, 2015; Michaela Stock Gallery, Виена, 2017; Градска галерија Лабин, Лабин, 2018.

20:00 // Галерија МКЦ

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк