Летно HR кафе и NLP работилница

Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со СЕНСУМ тренинг и коучинг и НЛП центарот Ве поканува на
Летно HR кафе&работилница на тема:
НЛП (Neuro-linguistic programming) со г.дин Пеџа Јовановиќ
20 јули 2018, петок, 17 ч. „Public Room“ – Скопје

Што е она што ги дефинира врвните менаџери и лидери? Покрај знаењето и искуството, фокусот на еден менаџер мора да биде на неговиот личен развој. Од него се очекува брзо и ефикасно да носи одлуки, но истовремено да ја извршува својата работа и да ги менаџира вработените. Комуникациски вештини, влијателно и ефективно преговарање, делигирање, следење, организираност, мотивација, орјентираност кон решенија и цели – сите овие вештини се неопходни за успешен менаџмент.

МАЧР во соработка со Сенсум и НЛП центарот, има цел да им обезбеди на своите членови и пријатели работилница со која што ќе се запознаат со НЛП.
Една од главните цели на НЛП техниката е подобрување на работењето во организацијата и поефективна комуникација. НЛП има широка примена во сите сегменти на животот, а целта на оваа кратка работилница е да ги запознае учесниците со НЛП како највлијателен и врвен комуникациски модел ширум светот.

На оваа работилница, ќе посветиме внимание на следното:
– Што е тоа што прави разлика меѓу просечните и врвните менаџери?
– Како да се запознаете себеси?
– Како личните визии и цели управуваат со нашите професионални успеси?,
– Како да делигирате задачи?
– Кои вредности и уверувања ги користиме при работа со вработените?
– Како ефикасно да согледате проблем и правилно да го решите.

Токму НЛП ни дава можност да бидеме врвни во она што го правиме. Примена на НЛП алатките, кои ќе ги научите на работилницата, ќе ви помогне успешно да се носите во различни ситуации со кои се соочувате во рамки на улогите кои ги имате.
Ова интерактивно предавање ќе Ве запознае со техниките на највлијателните луѓе на денешницата, како врвните менаџери, лидери и високо продуктивни индивидуалци.

Темата е намената е за СИТЕ, особено за HR секторот, но и сите останати кои сакаат да го збогатат своето знаење во однос на оваа тема.

Нашиот гостин кој ќе ја води работилницата е г-дин Пеџа Јовановиќ, сениор партнер во Атриа груп, ментор, тренер и коуч со богато меѓународно искуство. Негова ескпертиза се НЛП, коучинг, ефективна комуникација, развој на лидерство, продажба и презентациски вештини. Тој е NLP Master Trainer (IN NLP), NLP Fellow Member Trainer (IANLP), Master Coach Trainer (ICI), Professional Certified Coach (PCC) – ICF (International Coach Federation) (since 2010), ICF Mentor Coach, PCM Certified Trainer, Persona Global Master Consultant.
Погледнете го неговиот Linkedin профил – https://www.linkedin.com/in/pedjajovanovic/

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17:10 часот.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/T9DLb3H9wWkLlfYw1 или contact@mhra.mk.

За подетални информации за настанот може да се обратите до: info@sensum.mk или на тел.02-309-9919.

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови,наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк