Размена на книги и книжевни муабети, vol.11

Kнижевна дружба , заедно со размена на прочитани книги, во организација на Facebook групата „Размена на книги и книжевни муабети /books exchange“ ќе се одржи на 22 jули 2018 година, во Irish Pub во ГТЦ во Скопје.

Сите љубители на пишаниот збор ве покануваме да си ги донесете прочитаните книги и сите убави мисли поврзани со книгите, и да ги размениме, и книгите за нови непрочитани, и идеите за нови неоткриени.
Настанот и дружбата ќе започнат во 19.00 часот,
За да бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел.
Секој кој сака да ни се придружи е добредојден.

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк