Семе – Детска претстава со сенки

ПРЕТСТАВАТА Е РАСПРОДАДЕНА!
Очекувајте следна изведба во август ♥

~СЕМЕ~
Театар “Сенки и облаци”
/ 35мин. / 3+ год. / македонски /

~~~~~~~~~~~~~~~~~
Преку планини и мочуришта, на летни, есенски и зимски ветришта патуваат нашите Семчиња.
Гонети од Кртот и Чавката, бегајќи од Волкот и Бувот, разиграни од Бубамарите и Мравките секое Семче си го пронајде својот пат.
~~~~~~~~~~~~~~~~~~

Претставата која го пропатува светот од Кина до Бразил милувана од скокотливите звуци на хармониката на Јордан Костов повторно трага по детска публика жедна за сведочење на една исконска вистина – и во најмалото Семче се крие надеж, моќ и цел еден свет!

Билети 200 ден.
Информации и резервации во инбокс.

~~~ УЖИВАЈТЕ ВО МАГИЈАТА НА СЕНКИТЕ! ~~~

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк