Курс за WordPress

ука си затоа што сакаш да станеш мастер во WordPress? Се наоѓаш на вистинското место, и сето ова можеш да го совладаш бeз учење или познавање на програмски јазик, со помош на инструкторот Антоние Димовски.

Научи како да изградиш целосно функционална веб страна од 0.

Регистрирај се на 👉 http://bit.ly/2zZGPjy

За кого е наменет овој курс?

Учесници кои се заинтересирани за изградба на сајтови користејќи слободни и бесплатни алатки и софтвер. Оние веќе запознаени со WordPress но бараат подлабоко разбирање за тоа како сите делови функционираат заедно. Оние кои се нови на WordPress, но бараат систем за создавање и менаџирање на професионални Web страни за клиенти или за самите себеси.

Со контролата на WordPress на преку 25% од сите Web сајтови во светот, никогаш не било подобро време да изградиш бизнис и приход со негова помош. WordPress е open-source (бесплатен софтвер за увид и користење). Има илјадници девелопери кои секојдневно развиваат ресурси за него, и од оваа причина потребно е малку учење и разбирање за да станеш умешен во изградба и менаџирање на сајтови со негова помош.

Ќе научиш:

✓ како да работиш во WordPress во 6 дена преку интерактивна, забавна и предизвикувачка програма која е лесна за следење (преку 12 часа face-to-face предавање и тренинг)

✓ да инсталираш локална околина и да работиш со WordPress Web страни приватно, на сопствен компјутер

✓ да евалуираш и да избереш хостинг за твоите Web страни и страните на твоите клиенти

✓ бесплатни пробни хостинг пакети за SiteGround и FlyWheel на кои ќе ги хостираме нашите Web сајт експерименти

✓ да градиш 2 модерни мобилно-респонсивни Web страни, секој од нив со различен фокус и намена – и секој од нив пренаменлив за лични проекти и потреби.

✓ да наоѓаш, инсталираш и конфигурираш бесплатен open-source софтвер и алатки со кои ќе можеш да создаваш и менаџираш WordPress сајтови.

✓ “цаки” поврзани со хостинг и развојни околини, вклучувајќи сервери, фајлови и бази на податоци користени од WordPress.

✓ како да едитираш WordPress фајлови и бази на податоци за рачно менаџирање на инсталацијата и решавање на потенцијални идни проблеми за твоите WordPress сајтови.

✓ додавање на Google Maps вметнат во твојот сајт и Google Analytics интеграција за следење на посетители и сообраќај.

✓ да создаваш сајт во форма на блог, кој ќе вклучува навигација според тагови и категории, и post формати за организирање на содржина.

Напредни вештини:

✓ миграција и преместување на WordPress сајтови на различни хостови и сервери

✓ надминување на разлики при миграција помеѓу два разлини хостинг сервиси

✓ работа со основни теми (frameworks) и надградени теми (child themes)

✓ рачно создавање на надградени теми и користење на плагини

✓ изменување на WordPress Dashboard за клиенти

✓ рaбота со плагини, и евалуирање на плагини за употребливост, репутација и долготрајност

✓ тестирање на вебсајт за брзина и издржливост

✓ Custom Post Types за изменување на функционалноста на вебсајтот да ги одрази вашите или потребите на клиентот

✓ инсталирање и поставување на e-mail системи со ваш домејн

✓ E-commerce и WordPress: ќе научите да го употребите WooCommerce да изградите онлајн продавница, и да употребите Custom Post Types заедно со WooCommerce

✓ изменување на корисници, шопинг колички и страни за наплата во WooCommerce

✓ ажурирање (update) на WordPress, на теми и на плагини, физичка и дигитална испорака

✓ менаџирање повеќе вебсајти од еднаш, создавање на backup и restore системи

✓ сетирање на вебсајт безбедност со помош на https:// и SSL сертификати.

Низ овој курс, ќе ти го пренесам знаењето и искуството што го испеков низ 5 години поминати во изградба, одржување, мигрирање и хостирање на WordPress сајтови.

Регистрирај се на 👉 http://bit.ly/2zZGPjy

Сите кои ќе го завршат курсот ќе се стекнат со сертификат.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк