Најдоброто од Каролина Гочева – СОФ 2018

Најпопуларното „Македонско девојче“ за првпат ќе одржи голем концерт на отворено пред струмичката публика на 16 август од 22:00 часот на сцената кај Езерцето. Културно-уметничката програма на Струмица ОПЕН фестивал ќе го има затворањето со „Најдоброто од Каролина Гочева“.

„По големиот интерес и комплетното распродавање на промотивниот концерт за албумот „Извор“ во Струмица, со менаџментот на Каролина Гочева одлучивме дека летото треба да се случи уште еден спектакуларен настан за нејзините фанови. За разлика од концертот во НУЦК „Антон Панов“, овој пат во репертоарот ќе бидат вклучени сите најголеми хитови од нејзините 9 студиски албуми.

На почетокот од 2018 Каролина Гочева го објави својот последен албум „Извор“ кој е продолжение на Македонско девојче 1 и 2.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк