Креиран за целото семејство: Самсунг го претставува Галакси Таб А 10.5’’

Сеул, Кореа – 1 август, 2018 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави Самсунг Галакси Таб А 10.5“ (Samsung Galaxy Tab A 10.5’’), нов таблет кој нуди забава за целото семејство, без разлика дали сте во домот или пак во движење. Вклучувајќи нови забавни можности за целото семејство и подобрени аудио и видео карактеристики, Галакси Таб А 10.5“ е идеален за уживање во омилениот филм или ТВ шоу во домот или додека патувате. Без разлика дали одмарате на вашиот лежај, или уживате во долгото патување со семејството, новиот Галакси Таб А 10.5“ може да ве забавува вас и вашите деца со часови. Воедно, со дополнителните функции за поврзување, како “SmartThings“, управувањето со вашиот дом сега е поедноставно од претходно.

“Со гордост го претставуваме Галакси Таб А 10.5“, најновото дополнување на линијата таблети на Самсунг, со карактеристики кои го олеснуваат животот и се позабавни за целото семејство. Одликувајќи се со освежен дизајн, подобрена родителска контрола и нови функции за поврзување со домот, Галакси Таб А 10.5“ е префектното дополнување за модерните домаќинства.“ – изјави Џејсон Ли (Jason Lee), Директор и Раководител на Групата за Продуктни Стратегии за Таблети во Одделот за Мобилна Комуникација во Компанијата Самсунг Електроникс.

Со помош на Галакси Таб А 10.5“, пријателите и семејството може да гледаат филмови, да играат игри, да слушаат музика или да пребаруваат содржини заедно на 10.5 -инчниот екран со тенки рамки и извонреден сооднос од 16:10. Со четири вградени звучници на секој агол на таблетот, поддржани од Долби Атмос (Dolby Atmos®), Галакси Таб А 10.5“ го трансформира искуството на мобилна забава преку движење на звукот насекаде околу вас.

Самсунг Галакси Таб 10.5“ им овозможува на родителите контрола при управувањето со содржините и времето на користење преку режимот за деца – “Kids Mode“, таблет интерфејсот на Самсунг кој е безбеден за деца и е дизајниран со цел да ги направи учењето и забавата поедноставни, побезбедни и поинтересни. Овој режим вклучува пребарувач за деца (Kids Browser), Галакси Апликации за деца (Galaxy Apps for Kids) и осум бесплатни детски апликации од омилените брендови на семејствата, вклучувајќи ги “Toca Hair Salon 3“ и “BRIO World – Railway“. Семејствата може да користат и режим за повеќе корисници (Multi User Mode) за да креираат повеќе кориснички профили на Галакси Таб А 10.5“, на пример, посебен кориснички профил за дете и одделни профили за родителите – за поголема функционалност на еден таблет.

Управувањето со семејните активности и домот сега е уште полесно со помош на Самсунг Галакси Таб А 10.5“ преку подобрените функции за поврзаност. Со помош на дневниот преглед “Always On Daily Board“ се овозможува приказ на интегрални дневни информации на, едноставен за преглед, домашен центар кој вклучува и часовник, календар и временска прогноза, како и дигитална фото галерија. Воедно, корисниците ќе можат едноставно да ја контролираат својата домашна средина со помош на овој таблет преку функцијата “SmartThings“1. Управувањето со поврзаните апарати за домаќинство преку функцијата “SmartThings“ е едноставно – само со допир на копче. Без разлика дали ги подготвувате децата за спиење, или сакате да ја зголемите температурата во просторијата за време на дождлив ден, паметните контроли ќе го олеснат управувањето со вашиот поврзан дом.2

 

За повеќе информации за Галакси Таб А 10.5”, посетете ги страниците www.samsungmobilepress.com или news.samsung.com/galaxy.

1 Достапноста на функциите варира во зависност од Регионот.
2 Уредите компатабилни со “Smartthings” функцијата варираат во зависност од Регионот.

*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и останати информации за продуктот дадени во рамки на овој документ, но не ограничени на, придобивките, дизајнот, цена, компоненти, перформанса, достапност и можности на производот се предмен на промена без претходно известување.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк