НА ARMIN VAN BUUREN ВО САБОТА ВО ОХРИД СЕ ОЧЕКУВААТ РЕКОРДНИ НАД 15.000 ПОСЕТИТЕЛИ!!!

Наши пријатели,

Задоволство ни е да ве информираме дека овогодинешното издание на ОHRID CALLING е досега најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија.

На првиот ден на навистина грандиозното шоу на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE присуствуваа повеќе од 10.000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, очекуваме во сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика ARMIN VAN BUUREN да присуствуваат повеќе од 15.000 посетители, што е цифра која досега сме ја имале единствено на Lenny Kravitz и на David Guetta.

Ве молиме да ги набавите вашите влезници навреме и навреме да се најдете на стадионот „Билјанини извори“, сите заедно да присувтуваме на уште еден навистина голем, визуелен и музички светски спектакл!

Одиме понатаму!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк