Отворање со Rock Symphony – СОФ 2018

Камерниот Оркестар на Битола ќе одржи извонреден и енергичен концерт во кој нема да уживаат само љубителите на рок музиката. Oригиналните аранжмани на Владимир Димовски и моќните вокали Михајло Трајковски – Сак (Eruption) и Жарко Јакимоски (Backdoor band) нема да остават никого рамнодушен. Проектот насловен „Рок симфонија/Rock Symphony“ летово за првпат ќе гостува во Струмица на 10 август од 21:00 часот на Чешмичката.

Оркестарот ќе ги изведе добропознатите хитови на Deep Purple, Led Zeppelin, Queen, AC/DC, Rammstein, Muse и многу други.

Камерниот Оркестар на Битола е основан пред неколку децении, а особено внимание привлекува со уникатните проекти „Rock Symphony, „James Bond Symphony“, „Ladies Symphony“ и „Јоhn Williams Symphony“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк