Меморијален крос „Димитар Здравевски – Гитко”

ГИТКО Стронг, спортска иницијатива основана во чест на нашиот другар Димитар – Гитко по четврти пат го најавува меморијалниот крос кој ќе се одржи како и секоја година на 20ти август.

Целта на кросот е дружење и размена на позитивна енергија преку активно учество во неједноставната, а многу ефикасна спортска активност – трчањето.

Меморијалната крос трка е во должина од 2400м (2.4км) во двата правци по земјениот дел од кејот на Вардар во Аеродром.
Старт и финиш под мостот Близнак (близу ФОН).
Подигнување на стартни бројчиња од 18ч, старт на трка во 18:45.

Зачувајте го датумот — понеделник, 20 Август 2018.

Ве молиме пријавете се за учество на следниот линк https://goo.gl/forms/eZ0pmc1k8R2ZBn4e2
Учеството е бесплатно.
Секој учествува на своја одговорност.

Се гледаме на кеј
спортски поздрав,
тим Гитко Стронг

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк