ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (2)

2. Детството велат дека е најубавиот дел од животот за секој човек. Додека си дете ти си палаво јагненце што во секој момент е припиено до својата мајка. Додека си дете, ти си нежно цвеќе, бела роза што рони солзи кога ќе сфати дека некој ја повредил нејзината убавина. Тогаш кога розата ќе процвета и од пупка ќе прерасне во цвет ќе свене и нечие палаво детство. Тогаш младоста ќе го заземе местото на детството, а тоа ќе отпатува и понекогаш само преку спомените се враќа. Невиноста е највредната работа која ја имаш кога си дете. Ако ја изгубиш, ќе […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (1)

Пред нас е новиот Шекспир, кој отуѓен од светот го пишува својот роман, првенец… Имам чувство дека се ќе биде добро, тоа е некое шесто сетило, не знам ниту јас… Погледни ме. Се би дал да можам да ти влезам во главата и да ти ги прочитам мислите. -Нема тука ништо вредно да се трудиш, тоа ти го гарантирам. -Сигурен сум дека ќе добиеш инспирација за својот роман. -Не ми недостасува инспирација, туку волја… Снага, разбираш?! Немам повеќе снага да живеам, да пишувам, немам снага за ништо. -Добра ноќ. -Добра ноќ. *** Чуден шепот во тишината… Јужниот ветрец го игра […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (11)

6) Дом, вдоменост (заштита / закана) Би требало најпрво да се запрашаме што воопшто значи домот – тоа не е само место каде што се живее, средината што ти нуди сигурност и среќа, куќата во која го наоѓаш своето засолниште, туку е и највредното нешто во кое имаш доверба, од каде што водиш потекло, со кое се идентификуваш 23. Вдоменоста, топлината, сигурноста се трите најчести атрибути со кои се поврзува животот. Оттаму е и проекцијата на интимните копнежи да се има дом, да си одомаќен со некого. Во расказот „Стан“ авторот од зоолошката градина бара две животни на заем: слон […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (10)

5) Паралелни светови – сон и јаве Пределот на сонот, како сам на себе цел, е предмет на посебен тип фантастика именуван како ониричка фантастика – оној тип на фантастичен дискурс чија што основна содржина е добиена од подрачјето на сонот. Така во расказот „Меѓата на светот“ авторот ни ја доловува бесконечноста на една вистинска љубовна игра, бессонието во танцот на две спротивни либида кои меѓусебно се надополнуваат, надоврзуваат, испреплетуваат. Задоцнувајќи на сите возови, тргнав пеш. Најпрвин патот беше рамен, но потоа се почесто наидував на пречки и тешко проодни делници, додека најпосле не навлегов во краишта низ кои и […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (9)

4) Темата на двојникот Двојството на нараторот е често присутно во расказите на Маџунков. Перспективата на дете – наратор ја среќаваме во повеќе негови раскази. Секогаш во центарот на нарацијата е ликот на главниот јунак, кој се јавува истовремено како alter ego на писателот и читателот. Темата на двојникот во себе ги инкорпорира темата на метаморфозата и темата на огледалата. Метармофозата сама по себе внесува забуна во фабулата, го изместува нормалниот тек на нештата. Своевидна синтеза на овие теми постои во расказите „Човек и кукла“ и „Кукла“. Романтичарската фантастика познава бројни примери за оживување на некоја статуа, кукла или портрет. […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (8)

3) Границата помеѓу животот и смртта Миграцијата, интеркултурата и номадизмот неодминливо се судираат со поимот на границата, таа географска, политичка, етичка или имагинарна линија што разделува, што доближува, што сведочи за разликите и упатува на другоста. На границата ги носиме сите наши стереотипи, предрасуди, стравувања и фобии. Вообичаено, внатре, во границите е она нашето, познато, сигурно, и безбедно место; надвор од границите демне непознатото, несигурноста, неизвесноста. Прочитана брутално, тардиционално и хегемонски, границата означува две, раскин и поделба. Прочитана од аспект на мигрантот и во рамки на миграциската естетика, границата означува предизвик, линија за преминување, пречка која треба да се совлада. […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (7)

б) Човекот кој си ја продал душата на ѓаволот Уште една тема поврзана со ова натприродно суштество е фаустовскиот мотив или попознат како верзија на библиската легенда за Аврамовото продавање на душата на Ѓаволот. Овој мотив може да се насети во расказот „Смртта на Јонски“, уште во првата реченица: Сакате ли да ви го продадам својот труп? – што претставува карактеристична постапка за Маџунков, без никаква подготовка или градација во нарацијата се случува фантастичното. Светиот, мистичен, волшебен број седум, на кој инсистира авторот (7 кучиња, 77 дена, 7 соби, 7 дела, 7 долги години, седмоглава душа), го симболизира космичкиот и […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (6)

1) Ѓаволот – „господар на злото и смртта“ Ѓаволот е единствената личност од митолошко – религиозниот круг и неговата појава како мотив во книжевноста никогаш не застарува. Тој ја поседува секогаш својата фасцинантна моќ и својата актуелност што е приспособлива кон секоја ситуација. Си ги менува костимите и се појавува во фантастичните раскази во разни улоги: како таинствен двојник што ја казнува дрскоста на оние што се осмелуваат да го имитираат, како глас на совеста што го потсетува злосторникот на сторените гревови. Расказот „Генерал“ од Маџунков е еден вид демонско – дијаболична фантастика, односно присутно е дуалистичкото сваќање на ѓаволот […]

АВИЈАТИЧАР НА ДУХОТ (5)

За Маџунков во белградските книжевни кругови се напиша дека неговиот книжевен свет не е затворен во тесен регион. Предаден на светот на сонот и фантастиката, на фолклорот и стварноста, напиша Божидар Милидраговиќ, тој го постигнува она што не му поаѓа на секој раскажувач: со зборовите да не го затрупува и да не го гуши животот, туку да го открива и ослободува… 13 Во расказите „Жена“ 14, „Адети“, „Над троскотот облаци“ авторот ни открива дека мислата за смртта е единствената што цел живот го опседнува. Тој тргнува од сознанието за единството на светот и се обидува да го набљудува од внатрешна […]

%d bloggers like this: