31от Охридски пливачки маратон на 19ти август ќе собере повторно врвни пливачи

На 19ти август, сабота, се одржува 31от Охридски пливачки маратон кој од 1962 година се случува во водите на Охридското езеро.

Уште 8 дена до најголемиот спортски настан во Македонија

Во пресрет на УЕФА Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, едни од најголемите фудбалски клубови во светот, Град Скопје со полна пареа ги реализира и последните подготовки за активностите во „неутралната фан зона“, која ќе биде лоцирана во центарот на градот на плоштад „Македонија“. Организаторите како и илјадниците обожаватели, со нетрпение го очекуваат овој голем дуел на националната арена „Филип Втори“ кој ќе се оддржи на 8ми август, а за таа цел Град Скопје во соработка со УЕФА, партнерите на УЕФА и ФФМ подготви дводневна богата музичка програма и активности во оваа фан зона. Скопското Кале пред неколку […]

Скопје го доби својот Супер Куп сјај

За 14 дена ќе започне долгоочекуваниот УЕФА Супер Куп 2017 на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Град Скопје детално се подготвува за овој голем настан и деновиве градот блесна во својот Супер Куп сјај. Покрај подготвеното информативно видео и бројните активности кои се планирани за верните навивачи на двата фудбалски клубови, скопското Кале се осветли во официјалните бои на УЕФА Супер Купот. Со веќе поставените билборди и знамиња, градот дополнително ќе биде разубавен каде со својот нов изглед истиот се очекува да ги надмине очекувањата на сите за претстојната еуфорична атмосфера за време на натпреварот. Скопје со нетрпение очекува […]

Баскерфест 2017- Атракции, спектакл, детско катче и пивска градина на плоштад Македонија

Уште 11 дена не делат од почетокот на најпозитивниот македонски фестивал- Баскерфест.

Македонските учесници во проектот ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО на средба со Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет

Поддршка од Претседателот на МОК