ВО ПОДНОЖЈЕТО НА КОЖУФ

За да стигнете до гевгелиското село Петрово, треба да свртите десно од автопатот, каj селото Удово. Потоа, преку живописниот но тука веќе ,,тромав“ Вардар, преку пругата, најпрвин ќе влезете во големото село Миравци- село со ,,градски навики“. Тоа меѓу другото, е познато и по живописните носии на некогашните мештани.