ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (16-17)

16. Главата полна со прашања. Скитајќи по одговори…. Не можам …, а морам… да се пронајдам … себеси!!!… Сеќавањата преовладуваат, иако чуствата се стивнати и изгледаат како со сила згаснат оган… 17. Следниот пат кога ќе се сретнам со моите пријатели ќе предложам секој од нас да влезе во својата внатрешност и да раскаже за бисерите што се нанижале, за овие седум години откако не се гледаме толку често. Лесно е да се каже како изгледа езерото или во овој случај бисерот на дневна светлина и ако не си слеп, посебно ако бисерот е некој друг, а не ти самиот. […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (5)

5. Се започна како звукот на гитарата. Кога ветрот го брануваше езерото. Во почетокот нашето пријателство беше на “Здраво”, но барав малку повеќе од тоа. Честопати посакував да му кажам “Ми се допаѓаш!” и да му ги откријам своите соништа. Но ми требаше сила што ја намав. На почетокот се среќававме само за време на вечерата. Седевме на иста маса. Бев пресреќна. Илјада зборови ми се вртеа во глава. Но, не најдов ниту еден соодветен за да и опишам на Марија како се чувствувам, а и немаше потреба се гледаше среќата на моето лице со раскошна насмевка. – Се прашувам, […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (4)

4. Веќе сите бевме сместени во своите соби. До нашата соба беше собата на три момчиња: Тони, Зоки и Никола. Нашата врата од собата беше подотворена. Тони влегуваше во неговата соба. Веднаш го препознав, гласно го изговорив неговото име. Уште еднаш ја забележав неговата убавина… Ми се допадна. Ги забележав неговите зелени очи и кафена коса која нежно и нееднакво се спушташе до неговите раменици, на средината одвоена со патец и шишки кои му го покриваа челото се до очите. Неговите зелени очи беа со нијанси кои те тераат да се запрашаш дали гледаш мачор, или површина на езеро. Вегите […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (3)

3. Со Марија секоја година заедно одевме на одмор. Највеќе ни се допаѓаше во Охрид. Toj вечeн град, волшебн рид, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите со новите времиња, за навек, бидејќи: – тој, Охрид е “жив град” две илјади и четиристотини години, наследник на светлиот Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација. За ова место, толку прекрасно и значајно за културната историја на Македонија, имав читано многу, само уште требаше да го доживеам. Особено за мене беше интересен епитетот кој тој го носеше “Балкански Ерусалим”, бидејќи како епски центар во античките времиња, а подоцна и преку […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (2)

2. Детството велат дека е најубавиот дел од животот за секој човек. Додека си дете ти си палаво јагненце што во секој момент е припиено до својата мајка. Додека си дете, ти си нежно цвеќе, бела роза што рони солзи кога ќе сфати дека некој ја повредил нејзината убавина. Тогаш кога розата ќе процвета и од пупка ќе прерасне во цвет ќе свене и нечие палаво детство. Тогаш младоста ќе го заземе местото на детството, а тоа ќе отпатува и понекогаш само преку спомените се враќа. Невиноста е највредната работа која ја имаш кога си дете. Ако ја изгубиш, ќе […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (1)

Пред нас е новиот Шекспир, кој отуѓен од светот го пишува својот роман, првенец… Имам чувство дека се ќе биде добро, тоа е некое шесто сетило, не знам ниту јас… Погледни ме. Се би дал да можам да ти влезам во главата и да ти ги прочитам мислите. -Нема тука ништо вредно да се трудиш, тоа ти го гарантирам. -Сигурен сум дека ќе добиеш инспирација за својот роман. -Не ми недостасува инспирација, туку волја… Снага, разбираш?! Немам повеќе снага да живеам, да пишувам, немам снага за ништо. -Добра ноќ. -Добра ноќ. *** Чуден шепот во тишината… Јужниот ветрец го игра […]

%d bloggers like this: