В понеделник, промоција на романот „Танцувајќи во тишината“ од Моника Стојанова

В понеделник во 19.30 часот во Салон 19.19 (Културно-информативен центар-Скопје) ќе се одржи промоција на  романот „Танцувајќи во тишината“ од младата писателка Моника Стојанова.

Промоција на третиот роман на Оливера Доневска насловен како „Цутот на црешите“

По објавувањето на автобиографијата „Жената со скршено крило“ каде авторот буквално ја соголи душата пред читателите и на емотивен начин без никакви описи ја раскажа нејзината борба со болеста на синот и борбата со карциномот кој ја нападна во 2011 година, денес таа се реши низ разни ликови да го опише чувството кое ја надвладува во време после примени терапии.

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (16-17)

16. Главата полна со прашања. Скитајќи по одговори…. Не можам …, а морам… да се пронајдам … себеси!!!… Сеќавањата преовладуваат, иако чуствата се стивнати и изгледаат како со сила згаснат оган… 17. Следниот пат кога ќе се сретнам со моите пријатели ќе предложам секој од нас да влезе во својата внатрешност и да раскаже за бисерите што се нанижале, за овие седум години откако не се гледаме толку често. Лесно е да се каже како изгледа езерото или во овој случај бисерот на дневна светлина и ако не си слеп, посебно ако бисерот е некој друг, а не ти самиот. […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (5)

5. Се започна како звукот на гитарата. Кога ветрот го брануваше езерото. Во почетокот нашето пријателство беше на “Здраво”, но барав малку повеќе од тоа. Честопати посакував да му кажам “Ми се допаѓаш!” и да му ги откријам своите соништа. Но ми требаше сила што ја намав. На почетокот се среќававме само за време на вечерата. Седевме на иста маса. Бев пресреќна. Илјада зборови ми се вртеа во глава. Но, не најдов ниту еден соодветен за да и опишам на Марија како се чувствувам, а и немаше потреба се гледаше среќата на моето лице со раскошна насмевка. – Се прашувам, […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (4)

4. Веќе сите бевме сместени во своите соби. До нашата соба беше собата на три момчиња: Тони, Зоки и Никола. Нашата врата од собата беше подотворена. Тони влегуваше во неговата соба. Веднаш го препознав, гласно го изговорив неговото име. Уште еднаш ја забележав неговата убавина… Ми се допадна. Ги забележав неговите зелени очи и кафена коса која нежно и нееднакво се спушташе до неговите раменици, на средината одвоена со патец и шишки кои му го покриваа челото се до очите. Неговите зелени очи беа со нијанси кои те тераат да се запрашаш дали гледаш мачор, или површина на езеро. Вегите […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (3)

3. Со Марија секоја година заедно одевме на одмор. Највеќе ни се допаѓаше во Охрид. Toj вечeн град, волшебн рид, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите со новите времиња, за навек, бидејќи: – тој, Охрид е “жив град” две илјади и четиристотини години, наследник на светлиот Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација. За ова место, толку прекрасно и значајно за културната историја на Македонија, имав читано многу, само уште требаше да го доживеам. Особено за мене беше интересен епитетот кој тој го носеше “Балкански Ерусалим”, бидејќи како епски центар во античките времиња, а подоцна и преку […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (2)

2. Детството велат дека е најубавиот дел од животот за секој човек. Додека си дете ти си палаво јагненце што во секој момент е припиено до својата мајка. Додека си дете, ти си нежно цвеќе, бела роза што рони солзи кога ќе сфати дека некој ја повредил нејзината убавина. Тогаш кога розата ќе процвета и од пупка ќе прерасне во цвет ќе свене и нечие палаво детство. Тогаш младоста ќе го заземе местото на детството, а тоа ќе отпатува и понекогаш само преку спомените се враќа. Невиноста е највредната работа која ја имаш кога си дете. Ако ја изгубиш, ќе […]

Предлог книга – „Лето во Италија“ од Дејвин Мекфарлан

Сензуален, трогателен роман за уметноста, убавината и изборите што ги правиме, кои ќе го предодредат нашиот живот.

Промоција на романот Бело и Црвено од Михајло Свидерски

Утре во 20:00 часот, ГЕМ клуб-Скопје Промотори : Иван Шопов и Марта Маркоска Извадоци ќе чита : Елена Пренџова “Добитник на Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите 2014 од издавачката куќа Темплум” Кусиот роман на Свидерски ги следи најдраматичните епизоди од животот на белогардеецот Тихон Кирилович Василев, кој пред налетот на Октомвриската револуција бега од Петроград преку Киев, Крим, Истанбул, па стигнува до Битола, за на крајот да заврши на Голи Оток. Романот е поделен во неколку делови, според соодветните временски секвенци на приказната – 1951, 1916, 1917, 1918, 1920, 1922, 1950 и повторно 1951. Настрана од сите идеологии, […]