Концерти на „Пандеиро“ и дуо Бојкоски

Летната манифестација „Скопски летен ритам“ на 17 август (четврток) на плоштадот Мајка Тереза, во 20:30 часот го организира концертот на групата „Пандеиро“. Со својот репертоар од традиционални бразилски самба нумери, до модерна самба и боса нова и теми од бразилски автори, „Пандеиро“ ќе ја надополни музичката култура на Скопјани. „Пандеиро е музички инструмент од Бразил, кој е непознат за нашата јавност, а беше инспирација за името на бендот. Досега имаме настапувано на многу сцени, но во состав на „Тумбао Салса Бенд“, кој има различен репертоар од „Пандеиро“. Предизвик е самба ритамот да се пренесе во вистинско светло и автентично да се […]