ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (14-15)

14. Се е исто како лани, само што годината натежнува како што листовите се напластуваат врз покривите од куќите…. Времето минува и повторно доаѓа есента. Седам во салонот. Ме обзема некоја возбуда кога ќе помислам на летото кое поминало. Ги гледам луѓето што ги шетаат своите миленици крај мојот двор. Прозорецот ми беше отворен. Утрото се вовлече низ дупчињата на платнената завеса. Мирисот на последниот ден од летото ми го милуваше се уште заспаното тело. Денес и утре се спојуваат летото и есента. Денот е на допирот, нежното минување од прегратка во бакнеж, миг е на љубовта… Ме обзема некоја […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (11-13)

11. За среќа или пак за изненадување на сите еден ден се договоривме да излеземе во град сите заедно. Таа вечер си поминавме навистина супер. По таа вечер

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (8-10)

8. Утредента сонот ме штрекна. Погледнав на часовникот, кој покажуваше 8 часот. Мошне бавно, со долги, несигурни чекори и полека кревајќи ги нозете од подот, поминав покрај прозорецот набљудувајќи надвор. Светлината се слеваше низ целата негова големина. И продолжив како и порано… како и секогаш… како и секое поминато и наредно утро… со прашањето: Зошто? Седнав на креветот. Смешкајќи се зборував: – Никаков отров на човек не му може ништо. Само во срцето љубовта ме испече. Зошто? Дали е љубов кога ја љубиш илузијата? Имаше многу работи кои што сакав да не ги кажам, туку со сета тежина и болка […]

ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО ТАНГО (6-7)

6. Најубавиот дел од денот е утро. Сонцето како голема портокалова топка соборувајќи го мракот излегува од зад планините и го осветлува денот. Темнината полека но сигурно се откинува од секаде. Секое утро носи нова надеж – велат старите. Утринскиот воздух ми мириса на нешто ново и свежо. Старата поговорка вели: “По утрото се познава денот”. Убавото сончево утро полно со динамика навестува дека денот ќе биде убав. Сите го очекуваат утрото мислејќи дека во наредниот ден ќе им се остварат сите желби. Со утрото се раѓа и денот. Насекаде има капки роса. Натежнати од росата се нишаат цветовите, чиниш […]

%d bloggers like this: