Уште 8 дена до најголемиот спортски настан во Македонија

Во пресрет на УЕФА Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, едни од најголемите фудбалски клубови во светот, Град Скопје со полна пареа ги реализира и последните подготовки за активностите во „неутралната фан зона“, која ќе биде лоцирана во центарот на градот на плоштад „Македонија“. Организаторите како и илјадниците обожаватели, со нетрпение го очекуваат овој голем дуел на националната арена „Филип Втори“ кој ќе се оддржи на 8ми август, а за таа цел Град Скопје во соработка со УЕФА, партнерите на УЕФА и ФФМ подготви дводневна богата музичка програма и активности во оваа фан зона. Скопското Кале пред неколку […]